Тадиќ е загрижен за безбедноста по утрешните случувања во Косово

Serbia - Boris Tadic, Serbian President at the Belgrade's first security forum;

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека е многу загрижен за утрешните најави на Косово за еднострани активности бидејќи тоа сериозно го загрозува мирот и стабилноста во регионот. Тој додаде дека прашањето за косовски цариници и полицајци во северот на Косово не е решено ниту е договорено меѓу Белград и Приштина и затоа треба да биде спречено. Тадиќ во својот говор на белградскиот форум за безбедност изјави дека ако меѓународната заедница ја признае еднострано прогласената независност на Косово, тогаш во светот ќе се појават многу нови конфликти.