Саркози и Камерон бараат Гадафи да се изведе пред Суд

Францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон на заедничка прес конференција во Либија побараа да му се суди на Моамер Гадафи. Саркози и Камерон денеска се сретнаа со лидерите на либискиот Национален преоден совет Мустафа Џалил и Махмуд Џибрил.
Саркози изјави дека поддржувачите на режимот кои извршиле „злостортва“ и Гадафи треба да се донесат пред Суд и ги замоли Либиците да не се однесуваат одмазнички. Камерон им вети поддршка на Либијците во потрагата по Гадафи и понуди помош во отстранувањето на нагазните мини, гранати и слично воено оружје во Либија.