Саркози и Камерон во посета на Либија

Францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон денеска допатуваа во посета на Либија. Предвидено е тие да престојуваат во Триполи и во Бенгази, каде што сеуште е базата на привремените власти. Пред нивната посета, лидерот на либијскиот Национален транзиционен совет оцени дека се очекуваат уште борби против лојалистите на Гадафи кои одбиваат да се предадат. Европската Унија ги повика и двете страни во Либија да престнат со убиствата.