Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен утре ќе пристигне во посета на Приштина каде треба да се сретне со командантот на КФОР Ерхард Древс и премиерот на Косово Хашим Тачи. Ова го соопштија од кабинетот на Тачи.Расмусен ќе пристигне во Косово еден ден пред Приштина да ја преземе контролата врз двата гранични премина во северниот дел на Косово. Претходно Тачи ја обвини Србија дека планира да да предизвика насилство.Вчера српскиот претседател Борис Тадиќ предупреди дека косовскиот план може да предизвика нови тензии.