СДСМ со амандмани за прераспределбата во буџетот

Опозициската СДСМ денеска најави дека ќе поднесе амандмани на владината Предлог одлука за прераспределба на средствата меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите. Со одлуката се зголемуваат финансиите за непродуктивните ставки, а се крати од тие за капиталните, изјави претеникот Марјанчо Николов од Тој додаде дела најмногу пари со оваа предлог одлука добиваат Фондот за ПИОМ и ФЗО нa никој не понесе одговорност за лошото работење на овие фондови. На ова регираше со прес конференција ВМРО ДПМНЕ. Алекасадар Бичиклиски изјави дека тоа е критика без основа и непродуктивен пристап, кој што само ги продлабочува недоразбирањата меѓу политичките партии. Тој додаде дека доколку имаат квалитетни идеи и предлози да ги дадат на разгледување, а не само како што вели, напразно да критикуваат.