Волерс:Премногу оптимистички е да се очекува решение за неколку недели

Macedonia-U.S. Ambassador to Macedonia Volers Paul met with Foreign Minister Nikola Popovski

Новиот американски амбасадор во Македонија Пол Волерс денеска изјави дека се надева на некаков прогрес во спорот со името, но предупреди дека процесот трае многу долго и оти би било премногу оптимистички да се каже оти напредок ќе се постигне во следните денови или неколку недели. Тој изјави дека пред неговото доаѓање во Македонија се сретнал со медијаторот во спорот Метју Нимиц и како што вели Нимиц останува посветен на процесот и продолжува да биде оптимист дека ќе има придвижувања иако долго време работи на него. Американскиот амбасадор денеска има средба со претседателот на Парламентот Трајко Велјановски а подоцна ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски.