Еврокомесарот за еконoмски прашања Оли Рен денеска изјави дека грчкиот неуспех да ги исплати долговите ќе има драматични последици врз Европа и целиот свет. Рен во своето обраќање во Евроспкиот Парламент изјави дека прогласување на мораториум за долговите на Грција или нејзин излез од еврозоната ќе им наштети на економските, социјалните и политичките односи во Унијата и европските партнери. Коментарите на еврокомесарот следуваат по се погласните шпекулациии за сценарија за евентуален банкрот на Грција.