Десетици жртви во неколку напади во Ирак

Ирачките власти соопштија дека во неколку бомбашки напади шија цел биле безбедносните сили во централниот и источниот дел на земјата загинале најмалку 17 луѓе. Најтрагичен бил нападот извршен со автомобил бомба пред ресторан во близина на градот Хила. Во експлозијата имало 13 загинати и 50 повредени. Во друг напад со автомобил бомба во градот Хабанија загинале двајца војници, додека во престрелка на еден контролен пункт во Багдад биле убиени уште двајца полицајци. Ова доаѓа само неколку месеци пред американските сили да се повлечат од Ирак.