Завршени борбите во Кабул

Авганистанските безбедносни сили по дваесет часа ги завршија борбите со талибанските борци во Кабул кои вчера извршија серија напади во градот при што загинаа 9 луѓе, додека дваесетина други беа ранети. Полицијата соопшти дека главна цел била една недовршена зграда од каде што биле истрелани гранати врз американската амбасада и врз штабот на НАТО во Кабул. Се прецизира дека притоа биле убиени сите шестмина талибанци кои учествувале во нападот. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека ,,кукавичкиот напад,, нема да ги заплаши Вашингтон и сојузниците во Авганистан.