Топлото време ги скрати часовите во училиштата

На предлог на Комисијата при Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови, а со цел заштита на населението, посебно на ризичните групи, Владата на Македонија им препорачува на образовните установи, во следните два дена да преземат активности за овозможување скратена настава за учениците до 12:00 часот.
Комисијата при Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови овие препораки ги донесе по најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи за топлотен бран од втора, односно портокалова фаза, кој ќе ја зафати територијата на цела држава , со температури многу повисоки од вообичаените за овој период, кои во поедини региони ќе достигнат и до 37 степени Целзиусови.