Италија-Долниот дом ќе гласа за мерките за штедење

Италианскиот премиер Силвио Берлускони

Долниот дом на Парламентот во Италија, денеска треба да гласа за планот за штедење на владата. Пакетот кој изнесува 54 милијарди долари веќе помина во Сенатот. Пакетот вклучува зголемување на даноците, намалување на трошоците за да се постигне рамнотежа во буџетот до 2013-та година. Италија е трета по големина економија и е преголема за да се извлече како што беше примерот со Грција. Аналитичарите велат дека неуспехот на Рим да се справи со своите 1.9
трилиони евра долг, може да предизвика растурање на еврото.