САД и Романија потпишаа договор за антиракетен систем

Претседателот на Романија, Трајан Басеску и американскиот претседател Барак Обама

Вашингтон и Букурешт потпишаа договор за распоредување на елементи од американскиот противракетен штит на романска територија.Договорот е потпишан во Вашингтон за време на работната посета на претседателот на Романија, Трајан Басеску на САД. За време на посетата на САД Басеску се сретна со американскиот потпретседател Џо Бајден, а имаше и средба во Белата куќа со американскиот претседател Барак Обама. Средбата траела околу 25 минути, јавуваат романските медиуми. Според договорот на територијата на воената база Давеселу во јужниот дел од Романија ќе бидат распоредени елементи на американскиот систем за противракетна одбрана, вклучувајќи го радарскиот комплекс „Иџис“, центар за оперативно управување со ПРО и мобилни батерии со ракетни пресретнувачи СМ-3 „СДандарт-3“. Системот ќе го одржуваат околу 200 американски војници.