Отворено Генералното собрание на ОН

Генералното собрание на ОН

Во Њујорк синоќа беше отворено Генералното собрание на ОН.
Претседателот на Собранието, Насир Абдулазиз Ал Насер ја отвори седницата со молба за глобална соработка во справувањето со конфликтите и со климатските промени. Тој соопшти и дека привремените власти во Либија испратиле писмо до генералниот секретар Бан Ки-Мун, со барање Националниот преоден Совет да биде признат како либиски претставник во светската организација. Следнатa недела Собранието ќе ја има својата годишна општа дебата, кога светските лидери ќе разговараат за клучните глобални прашања.