Старт на новата сезона во Лигата на шампионите

Со осум натпревари, синоќа започна европската Лига на Шампионите во фудбал. Бранителот на титулата Барселона и Милан одиграа нерешено 2:2. Во другиoт натпревар од таа група, БАТЕ Борисов од Белорусија играше исто така нерешено 1:1 со дебитантите Викторија Пилзен од Чешка.Украинската Шахтјор Донетск загуби од португалски Порто со 1:2 ,а со ист резултат заврши и натпреварот меѓу Зенит Санкт Петербург и Апоел Никозија од Кипар. Англиски Челзи го победи германски Баер Леверкузен со 2:0, а останатата англо-германска битка, помеѓу Арсенал и Борусија Дортмунд заврши нерешено 1:1.