Црна Гора есенва очекува датум за преговори со ЕУ

Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ изјави денеска дека очекува Црна Гора есенва ќе добие датум за пристапни преговори со Евроспката Унија . Тој додаде дека очекува Европската комисија да препорача датум за преговори по објавувањето на извештајот за напредокот на Црна Гора и државите од регионот. Лукшиќ изјави со усвојување на изборниот закон земјата ја симна најголемата препрека за добивање датум за пристапни преговори со ЕУ. Комисијата минатата година постави седум услови за Црна Гора за продолжување на европските интеграции, изборниот закон, унапредување на владеењето на правото, продолжување на реформите, подобрување на односот спрема медиумите и цивилното општество, спречување дискриминација и решавање на прашањето за статусот на бегалците и раселените лица.