Светската банка го призна Националниот преоден совет

Светската банка денеска соопшти дека ќе го признае либискиот Национален преоден совет како легитимен претставник на либискиот народ. Директорот на Светската Банка Шри Мулјани Индравати изјави дека институцијата е подготвена да ги подржи луѓето во Либија и дека е почната координацијата со нивните партнери за соработка. Претходно меѓународниот монетарен фонд го призна Советот.