Американските планинари на слобода во Иран за 500 илјади долари

Постер за поддршка за Шон Бауер и Џош Фатал

Адвокатот на американските планинари кои беа осудени на затворска казна во Иран соопшти дека за неговите клиенти е определена кауција во вредност од 500 илјaди долари по човек. Претходно иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за американска телевизија изјави дека двајцата американци ќе бидат ослободени за два дена. Шон Бауер и Џош Фатал беа уапсени пред две години поради недозволен влез во земјата и беа обвинети за шпионажа. Американците го отфрлија обвиненијата твдрејќи дека тие само планинареле.