Нападнат училишен автобус во Пакистан, 3 деца загинале

Пакистанската полиција соопшти дека при вооружен напад врз училишен автобус загинале најмалку 3 деца и возачот на автобусот, a 5 деца биле ранети. Во соопштението е наведено дека нападот е извршен со фрлач на граната, па подоцна напаѓачот отворил и оган. Се уште никој не презел одговорност за нападот. Инцидентот се случил во областа Матани во северозападниот дел на Пакистан, во кој се верува дека Ал Каеда има свои активности.