Кина ќе купува италијански обврзници

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони и министерот за финансии Џулио Тремонти.

Официјален Рим потврди дека Министерот за финансии Џулио Тремонти одржал разговори со шефот на најголемиот кинески фонд за можноста Кина да купи италијански обврзници.
Целта на Рим е да ја смири нервозата на пазарот кој стравува од ширење на должничката криза во еврозоната, пишува Фајненшел Тајмс.
На разговорите станало збор и за кинески инвестиции во италијанските стратегиски компании.