Либија ќе биде држава изградена врз модерен ислам

Шефот на Либискиот преоден совет, Мустафа Џалил.

Шефот на Либискиот преоден Совет, Мустафа Џалил, вети дека Либија ќе биде модерна држава изградена врз модерен ислам. Тој ова го вети пред десетина илјади подржувачи на плоштадот во Триполи преименуван во Плоштад на мачениците.
Инаку претходно, американскиот Стејт Департмент соопшти дека Нигер планира да затвори еден од синовите на Гадафи.
Според портпаролот Викторика Нуланд, Саади Гадафи, кој неодмна влезе со неколку либиски офицери во Нигер, бил однесен во главниот град Ниамеу. Се шпекулира дека во Нигер би можело да се наоѓа и полковникот Моамер Гадафи.