Вечерашниот дуел во кошарка одлучува - Србија или Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во 20 часот ќе игра против Русија. Овој натпревар е решавачкиот за првото место во групата „Ф“ во втората фаза од ЕП во Литванија. Доколку Македонија победи на вечерашниот дуел би завршилa првa во групата, со што за противник ќе ја добие селекцијата на Србија, која заврши како 4-та во втората група. Доколку изгуби , тогаш ќе игра против домаќинот на шампионатот Литванија.