Волерс се сретна со Попоски

Macedonia-U.S. Ambassador to Macedonia Volers Paul met with Foreign Minister Nikola Popovski

Новоименуваниот американски амбасадор во Скопје Пол Волерс денска му ги предаде копиите од акредитивните писма на министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Во соопштението од министерттвото е наведено дека Попоски изразил задоволство од именувањето на амбасадор, кој е добар познавач на регионот и на земјава и дека очекува продолжување на успешната соработка и позитивниот развоен тренд .
Во продолжение на соопштението е наведeно дека амбасадорот Волерс, го поздравил добриот политички дијалог меѓу двете држави и ја повторил американска поддршка за Евроатлантските интегративни процеси на Македонија.