Фратини и Ламбринидис бараат конкретни резултати од Албанија

Министрите за надворешни работи на Грција и Италија, Ставрос Ламбринидис и Франко Фратини по посетата на дека Албанија оценија дека на земјта и треба уште многу да работи на патот кон ЕУ. Тие по денешните средби во Тирана со претставнците на албанските власти и на опозицијата, изјавија дека се потребни реформи, конструктивна соработка меѓу политичките сили и постигнување консензус.
Ламбринидис изјави дека ќе ги поддржат во секој чекор, но време е за национално обединување за да се постигне консензус и исполнување на бараните критериуми од Брисел.
Премиерот Сали Бериша изјавил дека европска интеграција е од огромно значење и приоритет за Албанците и оти тие се целосно ангажирани во исполнувањето на критериумите определени од страна на Еврокомисијата.