Русија и понатаму не се согласува со санкциите за Сирија

Русија ги одби повиците на Западните земји да им се приклучи во зголемувањето на притисокот кон Сирија .Претседателот Дмитри Медведев денеска изјави дека неодaмнешните америкaнски и европски санкции кон Сирија значат дополнителен притисок кој апсолутно е непотребен во таа насока. Претходно Франција го оцени како „скандал“ неуспехот на Советот за безбедност во Обединетите Нации да се договори околу заедничка резолуција за нови санкции кон Сирија. Русија и Кина ставија вето на предлог -резолуцијата, и се противат на идејата да се засили меѓународниот одговор на репресијата во Дамасак.
Според последните податоци на Обединетите Нации во земјата загинале над 2600 луѓе во неколкумесечните протести против режимот.