Давутоглу со остра реакција за наводи во израелски медиуми

1

Турскиот министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу остро реагирал на извештајот дека Израел планира да ја помага курдската Работничката партија како одговор на најавата на Анкара да испрати воени бродови во источен Медитеран. Тој изјави дека ниту една држава не може да ја уценува Турција и секоја држава која поддржува терор „сигурно ќе добие одговор“.
Израелските медиуми јавуваат дека израелскиот шеф на дипломатијата Авигдор Либерман планира да се состане со лидери на курдската партија . Овие медиумски наводи до сега не се ни потврдени ни демантиирани од израелските власти, но на нив реагираше Давитоглу.
Односите меѓу двете држави се влошија откако Израел одби да се извини за убиството на девет турски државјани кои лани превезуваа помош за Палестинци во Газа. Новите закани предизвикаа загриженост и во Брисел.