ЕУ ќе преговара за нов гасоводен проeкт

ЕУ денеска донесе одлука да започне преговори со Азербејџан и Туркменистан за изградба на касписка гасоводна мрежа. Сите земји членки на Унијата се согласија Европската Комисија да ги води преговорите со двете зeмји. Еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер изјави дека касписката гасоводна мрежа е голем проект кој ќе донесе нови извори на гас во Европа. ЕУ истото така ја поддржува и изградбата на проектот Набуко со кој ќе се донесе гас од турско-грузиската гранца до срцето на Европа.