Состанок на бордот на Меѓународната агенција за атомска енергија

Катастрофата во нуклеарната централа Фукушима и иранската нуклеарна програма се едни од главните теми за дискусија на состанокот на бордот на гувренери на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена. На состанокот што ќе трае една недела, ќе се расправа за можен нов глобален план за нуклеарна безбедност. На дневниот ред ќе се најдат и нуклеарните активности на Северна Кореја и Сирија.