Полицајци нападнати во Грција

Архивска фотографија

Грчки анархисти синоќа извршиле серија напади врз органите за безбедност во центарот на Атина по вчерашните големи демонстрации во Солун против владината политика на строги мерки за штедење. Полицијата соопшти дека група од 20 млади со маски на лицата нападнале полициска патрола со молотови коктели и камења во централниот регион на Атина, потоа во близина на Министервтот за култура околу 40 лица ги нападнале специјалните сили на полицијата кои ја обезбедувале зградата. Полицијата употребила солзавец и успеала да ги растера напаѓачите.