Камерун денеска ќе пристигне во Москва

Британскиот премиер Дејвид Камерун

Британскиот премиер Дејвид Камерун ќе се сретне со рускиот државен врв во Москва за да разговара за подобрување на односите и трговијата. Во соопштението од неговиот кабинет е наведено дека денеска за прв пат по 6 години британски премиер ќе ја посети Москва.
Камерун ќе биде придружуван од британски бизнисмени.
Односите меѓу Британија и Русија се влошија во 2006-тата година по контроверзиите околу смртта на поранешниот руски КГБ агент Аленксандар Лутвиненко во Лондон.