Медведев нареди да се затворат „несигурните“ авиокомпании

Рускиот претседател Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев и нареди на владата да ги затвори несигурните авиокомпании по авионската несреќа при која загинаа 43 луѓе вклучувајќи го и хокеарскиот тим Локомотив Јарослав.Во соопштението од неговиот кабинет е наведено дека на властите им е дозволено да преземат мерки за затварање на авиокомпаниите „кои се неспособни да изведат безбеден лет.“ Претходно Медведев побара да не се употребуваат повеќе авионите од советската ера.
Вчера се оддржа комеморативна церемонија во чест на загинатите на која присуствувал и премиерот Владимир Путин. Околу 100 илјади луѓе им оддале почит на загинатите.