И Скопје ќе ја одбележи 10-годишнината од нападите во САД

САД

По повод 10-годишнината од терористичките напади во САД, американската Амбасада во Скопје денеска организира повеќе настани.
Пред Амбасадата утрово ќе се одржи прошетка за спомен, на која ќе се обрати в.д амбасадорот на САД, Брајан Агелер.
Во текот на денот ќе се одржи и крводарителска акција и донирање храна, како и комеморативна изложба за 11 септември.
На денешен ден пред десет години во терористички напади во САД загинаа над три илјади луѓе.