Џалил бара лојалистите на Гадафи мирно да се повлечат

Денеска истекува рокот што бунтовниците им го дадоа на подржувачите на соборениот лидер Моамер Гадафи да се предадат. Лидерот на Националниот преоден совет Мустафа Џалил денска побара од подржувачите на Гадафи да им дозволат на бунтовниците мирно да влезат во нивното упориште. Новинските агенции јавуваат дека бунтовниците синоќа почнале со нападите врз последните две упоришта на лојалистите на Гадафи, Бани Валид и Сирте.