Блокада во општината Зубин Поток

архивска фотографија

Жителите на селото Зупче од општината Зубин Поток го блирале патот кон Косовска Митровица со камиони, поради обидот на припадниците на ЕУЛЕКС и КФОР да уапсат српски жител во селото. Како што јавува новинската агенција Бета преставници на меѓународната мисија преговараат со претседателот на општината кој од нив барал да се повлечат од Косовска Митровица.
Во меѓувреме група српски стопанственици одржа мирен протест кај административниот премин Брњак, од каде порачаа дека не сакаат граница со Србија.
На преминот Брњак се стационирани војници на КФОР, ЕУЛЕКС и локалната полиција.