Извлечени 163 жртви од бродската несреќа во Танзанија

Најмалку 163 жртви од бродската несреќа во Танзанија се извечени од водата, соопшти Министерот за вонредни ситуации на Занзибар, Мохамед Абуд. Бројот на преживеани изнесува 325 луѓе, а над 100 луѓе се водат за исчезнати. Бродот што потона кај архипелагот Занзибар пловел меѓу два острова и по4 часа пловидба потонал. Според првичните информации бродот превезувал околу 600 патници, по што се претпоставува дека причнината за несреќата е токму превезувањето на повеќе патници од дозволениот лимит.