Упадот во израелската амбасада во Каиро ,,сериозен инцидент,,

Каиро

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека вчерашниот упад на разгневена група демонстранти во израелската амбасада во Каиро претставува сериозен инцидент. Сепак, тој додаде дека инцидентот би можело да биде полош доколку демонстрантите ги начекале луѓето од персоналот во амбасадата. Тој исто така му се заблагодари на американскиот претседател Барак Обама поради тоа што побарал од Египет амбасадата да биде заштитена. Шестмина израелски дипломати биле извлечени во акција на египетски командоси. Насилството го принуди израелскиот амбасадор Јицак Леванон, како и неговото семејство и другиот персонал денеска да заминат за Израел. Веднаш потоа полицијата презела акција, за да ги растера демонстрантите, но дојде до судири при што биле повредени над 450 луѓе и 50 полицајци.