Потона брод со 600 патници, 250 преживеале

Околу 600 луѓе биле во бродот кој во текот на изминатата ноќ потонал кај архипелагот на Занзибар во Танзанија, соопштија локалните власти, наведувајќи дека 250 од нив преживеале. Бродот пловел меѓу два острова, а потонал по четири часа пловидба. Се претпоставува дека причина за несреќата било тоа што на бродот имало повеќе патници од дозволеното.