Обама известен за терористичките закани врз САД

Белата Куќа соопшти дека денеска Претседателот Барак Обама бил брифиран од безбедносните служби за кредибилната, но не потврдена терористичката закана пред 10 годишницата од нападите на 11 Септември врз САД.
Портпаролот Џек Карни изјави дека Обама наредил удвојување на напорите и превземање на сите неопходни мерки за безбедност.
Засега, според Карни, нема промени за планот на Обама, за посета на Њујорк, Пенсилванија и Пентагон каде во недела треба да присуствува на комеморациите на жртвите на терористичките напади од 11 Септември 2001 година.