Ерхард Древс нов командант на КФОР

Kosovo -- US soldiers serving in KFOR guard checkpoint in the village of Jarinje, 11Aug2011

Командантот на Здружените сили на НАТО во Нeaпол, американскиот адмирал Сајмуел Локлир ја предводеше денеска во Приштина церемонијата на примопредавање на должноста командант на КФОР меѓу генералот Ерхард Билер и генерал-мајорот Ерхард Древс.
- Работиме на создавање услови кои ќе овозможат НАТО силите да не бидат потребни на Косово, рече Локир.
- НАТО му помага на дијалогот на Белград - Приштина под покровителство на ЕУ. Неодамнешните договори, според Локлир, кои се однесуваат на практичните прашања се важен чекор, но има се уште работа која треба да се заврши.