Иванов испрати писмо со сочувство до Медведев

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство до Претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев по повод авионската несреќа во Јарослав.
- Со длабока тага ја примив веста за авионската несреќа во Јарослав и искрено жалам за загубените животи во оваа голема трагедија. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на настраданите и повредените, но и на бројните навивачи на хокејската екипа „Локомотива Јарослав“, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство“, стои во писмото од Иванов.
Во овие моменти на тага, се вели во писмото со сочувство до Медведев, нашите молитви се со Вас и семејствата на настраданите.