Лукашенко - Западот сака да и наштети на Белорусија

Белорускиот Претседател Александар Лукашенко денеска го обвини Западот дека сака да и наштети на неговата земја која се бори со економската криза.
Овој коментар доажа откако ММФ одби да и даде на Белорусија кредит од 4,4 милијарди евра за надминување на буџетскиот дефицит.
ММФ кредитот го услови со реформи на високо централизираната економија. ЕУ и САД по спорните претседателски избори воведоа санкции против режимот на Лукашенко.