Привршуваат подготовките за Пописот на населението

Во завршна фаза влегуваат подготовките за Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија од 1 до 15 октомври. Претседателката на државна Комисија Весна Јаневска изјави дека Пописот ќе почне навреме и оти се надминати сите проблеми со кои се соочија членовите на ова тело поврзани со составот на пописните комисии. Денеска почна и тридневната обука за државните инструктори за претстојниот Попис, а утре во неколку дневни весници ќе биде објавен конкурс за попишувачи, реонски инструктори и комисии на пописен реон. Пописот ќе се одржи во октомври откако беше одложен од април годинава.