Делегација на сиријската опозиција во Москва

Дамаск

Лидерите на сиријската опозиција на денешните разговори во Москва побараа од Русија да преземе поактивна и попозитивна улога во решавањето на кризата во Сирија каде што веќе неколку месеци траат протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад. Официјална Москва се противи на нацрт резолуцијата во Обединетите нации за воведување санкции против сиријските власти кои со употреба на сила се справуваат со демонстрантите.