Конференција по повод 20 години независност на Македонија

Од прославата на 20-годишнината од референдумот за самостојност на Македонија.

,,За подобра иднина на Македонија, потребно е обединување без оглед на политичката, верската и националната припадност, како и продолжување на реформите и целосна интеграција во ЕУ и НАТО. Ова го изјави македонскиот премиер Никола Груевски на денешната конференција ,,20 години независна Македонија, постигнувања и перспективи на современата македонска држава,, што се одржува во во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи. На конференцијата учествуваат претставници од македонската дијаспора, домашни и странски гости и претставници од дипломатскиот кор во Македонија.