Ламбринидис: Дијалогот меѓу Приштина и Белград е единствено решение

Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис денеска по средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Грција го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, бидејќи, како што рече, се друго води во опасност. Ламбринидис одговарајќи на новинарско прашањето дали Грција ќе ја признае независноста на Косово изјави дека ставот на Атина е познат.
Тој додаде дека Грција сака да и помогне на Приштина во залагањата да и се придружи на Европа