САД и Авганистан почнаа преговори за нова соработка

Високи американски и авганистански официјални претставници денеска започнаа дводневни разговори во Вашингтон. Тие разговараат за нов договор во билатералните односи откако американските сили ќе се повлечат целосно од Авганистан. Двете страни се уште остануваат поделени околку ставовите за условите во кои САД ќе може да ги користи базите во Авганистан по 2014-та година. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и авганистанскиот советник за безбедоност се сретнаа денеска во Белата Куќа. Целта на преговорите е да се создаде документ за стратегиско партенерство и долгорочна соработка.