Кина е на врвот на светската листа по самоубиства

Во Кина на секои две минути по еден човек се обидува да се самоубие со што земјата е на врвот на светската листа по самоубиства јавува државната телевизија. Според статистичките податоци годишно по 287 илјади луѓе се самоубиваат а над 2 милиони пробуваат да извршат самоубиство во земјата која брои 1,3 милијари жители.Според центарот за превентива и контрола на болести најчесто се самоубиваат луѓе на возраст од 15 до 34 години и повеќето се жители од руралните средини. Според британско медициско списание во групата наз земји со голем број на самоубиства спаѓаат Литванија, Финска, Латвија, Унгарија Кина Јапонија и Казахстан.