Шојбле: Грција ако сака помош треба да ги исполни условите

Германскиот и францускиот министер за финасии

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави дека Германија е подготвена да и помогне на Грција, но натамошните исплати на финансиската помош може да не бидат одобрени, доколку земјата не ги задоволи условите поставени од ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. Тој додаде дека разбира оти постои отпор од грчкото население за мерките за строго штедење но Грција треба да ги исполни сите услови кои се неопходни за членство во еврозоната.