Грција пред банкрот?

Претседавачот на еврозоната и премиер на Луксембург Жан Клод Јункер

Претседавачот на еврозоната и премиер на Луксембург Жан Клод Јункер изјави дека Грција не ги исполнила целите поставени во програмата за помош, поради што таа можеби нема да ја добие следната клучна транша од заемот. Инспекторите задолжени за грчкиот долг во минатата недела ја прекинаа ревизијата на програмата за помош на Грција поради несогласувањата околу податоците за буџетскиот дефицит за наредната година. Без ратата од осум милијарди евра, Грција во наредните неколку месеци ќе стане неликвидна и нема да може да ги плаќа своите финансиски обврски.