Најцрн ден за светскиот хокеј

Претседателот на светската хокејска федерација Рене Фасел оцени дека вчерашната авионска несреќа во Русија при пто загинаа сите членови на рускиот тим Локомотив Јарославл претставува најцрн ден за хокејот. Имено, меѓу 43 загинати спортисти и членови на екипажот имало граѓани на Русија, Белорусија, Чешка, Словачка, Канада и Шведска. Авионот се урна веднаш по полетувањето од Јарославл кон белорускиот главен град Минск. Еден играч и еден член на екипажот ја преживеале несреќата, но нивната состојба била критична. Агенцијата Интерфакс јави дека авионот по полетувањето удрил во една антена во близина на пистата.