Ахмадинеџад- Асад да прекине со операциите против демонстрантите

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го повика својот сириски колега Башар ал Асад да ја повлече операцијата врз демонстрантите и да започне разговори со опозицијата.
Иран, кој е клучен сојузник на Дамаск, ги обвини Соединетите Американски Држави и Израел за поттикнување на протестите во
Сирија. Протестите траат повеќе од 5 месеци.
САД и други западни сили,пак, го обвинија Иран дека го помага Асад за сузбивање на демонстрациите.
Во меѓувреме, Сириските сили продолжуваат со нивните напади на демонстрантите. Вчера загинале најмалку 20 цивили во градот Хомс.